Мицкоски до Која: Ние се залагаме за фер кампања, додека СДСМ прави предизборен поткуп

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска преку видео-врска оствари средба со  шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која. На средбата   се   разговараше   за   актуелната  политичка   ситуација  во Македонија, предвремените парламентарни избори кои треба да се случат на 15 јули и предизвиците поврзани со вирусот Ковид-19.

Мицкоски истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ здравјето на граѓаните е пред се и токму   затоа   предизборните   активности   ги   организира   во   согласност   со протоколите и препораките за заштита и превенција од коронавиусот.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека партијата се залага за фер  и изборна кампања што не  е случај со СДСМ која го наруши изборниот процес  со предвреме   почната   кампања   преку   предизборен   поткуп   делејќи   пакети   во Струмица и повеќе општини низ Македонија. Тој додаде дека СДСМ во страв и нервоза од изборен пораз преминува коннасилство што се покажа со бомбата фрлена пред дуќанот на потпретседателот наВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и вербалниот напад од советникот на премиерот врз носителот во шестата Изборната единица Игор Дурловски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости