Мицкоски: Денеска во Собранието се тргува со секој глас, се заканува, се уценува

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ Алфа рече дека денеска во Собранието се тргува со секој глас.

-Зоран Заев преку законот за ЈО се обидува да се спаси од одговорност, да не одговара за своите криминали. Процесот околу носење на Законот за ЈО продолжува да се води на сила, како што не му доликува на Законодавниот дом практично. И тоа е она што е разочарувачки денеска на македонската политичка сцена. Но тоа е очекувано за нас бидејќи во насоката во која што се водат работите, Зоран Заев практично гледа спас за себе и за одговорноста после 12-ти април. Денеска ова што се случува во Парламентот е се само не личи на Законодавен дом. Се тргува со секој глас, на секој човек внатре, луѓе се притискаат, се заканува, се уценува, вели Мицкоски.

Поврзани новости