Мицкоски: Да почекаме, Заев да не се предомисли за избори

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори, ако премиерот Зоран Заев не се предомисли.

„Да почекаме до утрешниот ден да видиме да не се премисли Заев затоа што знаете таму работите се менуваат преку ден, преку ноќ, преку секој час така што да почекаме до утрешниот ден до лидерската средба да го слушнеме предлогот на Зоран Заев да видиме што мислеше под тоа кога кажа предвремени парламентарни, брзи предвремени парламентарни избори за да можеме потоа да дадеме одговор, да видиме дали продолжува да манипулира со граѓаните и сака да ги крши законите или ќе дозволи еден фер изборен процес за да можат граѓаните да го дадат својот суд дали навистина блескаме или ќе го блесне судот на народот“, порача Мицкоски.

Поврзани новости