Мицкоски: Да останеме оптимисти дека доаѓа крајот на оваа криминална власт

by Фокус

Треба да останеме оптимисти дека доаѓа крајот на оваа неспособна и ненародна Влада која нема решение за ниту еден проблем, освен со тоа што се занимава со многу корупција и криминал, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Власта ја закова нашата држава убедливо на врвот по нивото на корупција и криминал во регионот и ја закопа убедливо на дното по нивото на економски раст, странски инвестиции, домашни бруто инвестиции кои се убедливо најмали во рамките на овие 30 години независност, дури се помали од онаа би рекол кризна 2001 година – истакна Мицкоски.

Поврзани новости