Мицкоски: Четири месеци не успеавте да нарачате вакцини, неспособни и корумпирани

by fokus

По веста дека е вратен авансот за кинеските вакцини, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта дека четири месеци не успеала да набави вакцини.

-Вчера кажавме дека ја лажат македонската јавност, дека авансот за кинеските вакцини е вратен. Денеска официјално потврдија. Нема да избегате од одговорноста за тоа што не успеавте четири месеци да нарачате вакцини. Вие сте срам за Македонија. Неспособни и крајно корумпирани. Заради вас умираат луѓе, заради вашата неспособност имаме сериозен трет бран на новозаболени. И пак не ви е гајле, бизнисот со корупција мора да тера, а народот секако ќе пати. Ви се гледа крајот, нема да ве оставиме на мира, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Поврзани новости