Мицкоски: Бришење на нормата „20 проценти“, но и на бадентерот и балансерот

by Фокус

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на денешната посета на општина Аеродром, истакна дека е подготвен да разговара за, како што рече, нов договор за Македонија со кој би се избришала и нормата „20 проценти“ од Уставот, но и нормите „Бадентер“ и „Балансер“.

-Ако мислите за таа норма од 20 проценти, многу пати во минатото сум кажал, подготвен сум да седнам да разговарам со секого, но тоа е оној нов договор за Македонија за кој што треба да разговараме и за нормата „Бадентер“, за нормата „Балансер“ и да имаме еден фер систем во Македонија каде што луѓето нема да напредуваат поради тоа што се дел од некаква си бројка или некаква си квота или некаков процент, туку затоа што вредат, затоа што се конкурентни, имаат знаење итн – потенцираше Мицкоски.

Тој исто така истакна дека политичарите Албанци во Македонија треба да престанат да ги потценуваат и да ги третираат граѓаните Албанци како процент и да почнат да ги третираат како рамноправни граѓани.

Поврзани новости