Мицкоски: Бојкотот му помага само на Зоран Заев

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика симпатизерите на опозицијата да не ги бојкотираат претстојните претседателски избори, затоа што бојкотот, како што рече, му помага само на Зоран Заев.

„Вие кои цврсто заговарате бојкот, знам дека имате многу причини и не велам дека за се не сте во право, но ви се обраќам искрено без ракавици, имате една причина да излезете да гласате, таа е Македонија. Бојкотот му помага само на Зоран Заев.
Бесот нека не ви биде поголем од љубовта кон татковината, која знам дека длабоко во срцето ја носите. Гласајте, не поради мене, туку за вас и вашите семејства, гласајте за Македонија“, истакна Мицкоски.

 

Поврзани новости