Мицкоски бара продолжување на работниот век на РЕК Битола

by fokus

Денеска ќе зборуваме како до гасификација на домаќинствата, како до најмалку 50 проценти гасифицирани домаќинства во нашата Македонија, со бесплатен приклучок за гас, без дополнителни трошоци, ќе зборуваме како до поевтина струја преку произведување на електрична енергија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Гази Баба, од каде стартуваше кампањата „Македонија за сите луѓе“.

-Ние зборуваме како да го модернизираме и да го продолжиме работниот век на термоцентралата Битола, и термоцентралата Осломеј најмалку до 2040 година. Ќе зборуваме за подобрување на животната средина, на екологијата, најмалку 50-тина проценти поквалитетен воздух за граѓаните споредено со оваа ситуација која што е денеска. Ќе зборуваме за темите кои што навистина живот значат за граѓаните и кои што ќе бидат значајни во периодот кој што следи а тоа се овие локални избори – изјави Мицкоски.

Поврзани новости