17
Премиерот Христијан Мицкоски ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да постапи за градилиштето во Чаир за кое тврди дека е без градежна дозвола.
„Таа има ингеренции. Ако навистина мисли дека е така, тогаш треба да постапува затоа што од филозофирање и гола реторика народот нема фајде“, рече премиерот Мицкоски.
Вчера, градоначалничката на Скопје, Арсовска, преку пренос во живо на социјалните мрежи ги повикуваше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да излезат на терен и да постапат оти градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, дозволил на државно земјиште во Чаир да никне дивоградба.