Мицкоски: Ако на задолжителен референдум граѓаните гласаат за договорот, сите ќе го почитуваме

by fokus

Ако референдумот биде обврзувачки, бидејќи треба да излезат 50 проценти плус еден од избирачите и тиеда  гласаат за или против и тогаш резултатот сите ќе треба да го почитуваме, не само ВМРО-ДПМНЕ, но тој најпрвин треба да биде демократски, вели лидерот Христијан Мицкоски во интервју за Алсат М вечерва.

Но, според Мицоски, референдум кој не е задолжителен ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае како волја на народот.

-Во чие име е потпишан договорот, во име на Македонија, во име на ОН. Не е точен  аргументот дека се сочувани националните идентите на Македонците и јазикот, тоа се стекнати права, прашајте било кој експерт. Апсолутно Договорот не може да се прикаже како придобивка. Не само што не го задржавме идентиотетот туку и ги загубивме. Ние тие права ги загубивме и веќе нема да бидеме Македонци туку,  граѓани на Северна Македонија. Тоа го кажува и Ципрас и никаде не слунав демант од нашата влада, рече Мицкоски.

Поврзани новости