Мицкоски: Ако има вонреден конгрес нема ни да се кандидирам

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не одговори прецизно на прашањето дали чувствува лична одговорност за изгубените избори на вечерашното интервју на Топ Тема на Телма. Тој порача дека и лидерот на СДСМ, Зоран Заев губел на избори, па не се повлекол од претседателското место на партијата.

Својата лична одговорност ја покажал со доставувањето на иницијатива за вонреден конгрес на партијата која Централниот комитет едногласно ја одбил. Иако тој го повикал Иницијативниот одбор за реформи во ВМРО-ДПМНЕ да достават иницијатива за вонреден конгрес, сепак тие не доставиле па морал сам да поднесе иницијатива.

– И да има вонреден конгрес на партијата, јас нема да се кандидирам, рече Мицкоски. Но, сепак порачува дека „нема да отстапи додека мафијашите не добијат правда“.

Порача дека тој работи според статутот на партијата кој го поздравила и Европската народна партија. Неколку пати повтори дека тој не е апсолутист во партијата и многуте повици за негова оставка и реформи во партијата ги оцени како показател за демократијата што ја имало во ВМРО-ДПМНЕ која ги надминувала и границите на Балканот.

Поврзани новости