Мицкоски: Ако хронично болните не ги убие короната, тука е загадениот воздух

by fokus
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на Фејсбук ја искритикува Владата дека ништо не презема за да ги заштити граѓаните.
-За Владата на Заев, Франција и Германија кои превземаа поинтензивни мерки и протоколи за превенција од #COVID заразата прават грешка и се ретроградни, затоа што нашата Влада не превзема ништо за да спаси животи.
Болните со хронични болести сѐ уште задолжително одат на работа, ако не ги убие короната, тука е загадениот воздух кој по 4 години Влада на Заев сѐ уште не е алпски чист како што ветуваа. Го нема ајрото.
Единствената порака на Заев е да не се крева паника во состојба кога имаме бројки кои покажуваат катастрофа. 862 новозаразени и 14 починати.
Што направи Владата? Владата не прави ништо, парада, се занимава со опозицијата, се дави во својата неспособност, напиша Мицкоски.

Поврзани новости