Мицкоски: Ако е автентичен записникот, зошто Русковска не ги повика на исказ моќниците од СДСМ?

by fokus

Го добивме новиот кандидат за министер за финансии, успешна личност, во зрели свои околу триесетина години и многу успешни потфати во минатото, со одлично лично портфолио, добро де тук-таму по некоја украдена идеја и сосема случајно се води во регистарот на МВР како сторител на кривично дело, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својата нова колумна за „МКД.мк“

Тој ги коментира новите кадровски одлуки на СДСМ, со кои сопственичката на Групер, Нина Ангеловска, е предложена за министер за финансии. Според него во скорот време новиот министер за финансии ќе треба да потпише заем од 125 милиони евра, неколку нови задолжувања, новата еврообврзница. Мицкоски при тоа предвидува дека Македонија му се доближува на грчкото сценарио.

Тој ги коментира и последните случувања со истрагата за предметот „Рекет“. Мицкоски прашува „доколку е автентичен записникот од сведочењето, а Русковска потврди дека е точен, зошто овие политички моќници од СДСМ не беа повикани да дадат исказ?

„Зошто Јовевски на прес конференција кажа дека нема политичари кои се споменуваат во овој случај? Дали од сето наведено во записниците од сведочењата, единствен криминал е троседот или софата? Одговор на овие прашања нема да добие јавноста, но затоа помалку мистично ќе почне да се шири една приказна за еден г(к)радоначалник од Полошкиот упс пардон, Пелагонискиот регион, од редовите на СДСМ. Тој бил мераклија од сопартијците да побара паричка за вработување, потоа приказната оди за состанокот што го имал со еден сопартиец кој одлучил да плати за работно место, па како пликото полно со пари било потпишано од Заев и конечно како Заев му се јавил на тој г(к)радоначалник и онака помалку шеретски го поздравил градоначалникот, демек знаел што прави. На прашањето, и што понатаму? Одговорот е само што не го уапсиле, ама не е само тој. Ги има неколку такви. Јасно ми е кој ја води државата и како, но и да е точна оваа мистична приказна за тој или тие г(к)радоначалници, уште колку дена граѓаните на тие општини ќе бидат жртви на мистиката, наместо закон и правдина веднаш“, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости