Мицкоски: Ако Бугарија не се повлече од големодржавните барања, треба да го напуштиме договорот

by fokus

Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“  посочи дека ако услов за договор со Бугарија се хегемонистичките и големодржавните барања на Бугарија, Заев треба да престане да преговара.

-Јас кога станува збор за Зоран Заев верувам се, дека се е можно да направи кое што нормално не го чини него и неговото семејство ништо, доколку го чини него и неговото семејство ништо тогаш не е подготвен да направи. Но, бидејќи за ова други се бореле и други стекнувале некаква вредност нема проблем таа вредност да ја распродаде па дури и дека е подготвен да испорача Анекс. Зошто ова го кажувам? Ако не е подготвен да испорача Анекс и ако не е подготвен да ги прифати максималистичките хегемониски барања од кај нашиотисточен сосед  и големодржавни би рекол бидејќи секако таму заменик претседателот на Парламентот викаше дека сме еден народ во две држави и треба природно да сме во една држава. Јас не го велев тоа, официјално лице заменик претседател на Парламенто или потпретседател на Собранието во Бугарија. Зошто тогаш ако имаме разлики такви големи дијаметрални бидејќи тоа што го бараат од нас и тоа што мислам дека треба да е наша црвена линија е север-југ разлика. Ако имаме такви дијаметрално-спротивни гледишта на реалноста  тогаш зошто воопшто уште преговараме. Тогаш треба да седнеме и да си кажеме луѓе веќе не треба да преговараме бидејќи овој Договор ваков каков што го потпишавме неговата содржина  е исцрпена и оваа негова содржина не нуди решение. Или тие ќе се повлечат од тие нивни хегемониски барања или ние како држава треба да го напуштиме овој договор бидејќи очигледно претставува сериозна пречка за да ние станеме членка на ЕУ, рече Мицкоски.

Поврзани новости