Мицкоски: Ајде жестоко да победиме на претседателските избори и оттука да почне нашата победа

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот протест пред Владата порача дека прв чекор од победата врз оваа власт е победа на претседателските избори.

-Не можам да ветам чуда и нешто што не можам да исполнам. Во мојот живот најважен бил образот и честа. Тоа што ќе го ветам тоа и ќе го исполнам. Нема да ветиме 500 км патишта, тоа што е невозможно. Нема да ветиме чист воздух како што тоа ветуваа. Не можеме тоа да го ветиме. Но, ќе ветиме 30% намалување на заградувањето. Имаме методологија дека тоа ние го можеме. Да го растераме црнилото кое надвиснало.
Чувствувам емоција, љубов и најважно од се мотив дека во овој наш пат кој нема да биде лесен и едноставен, ќе го изодиме заедно кон нашата цел, а таа е победа на избори. За да има избори мора да се избориме. А за да се избориме потребна е љубов и искреност. Ајде на претседателските избори жестоко да победи нашиот кандидат. Тоа е првиот триумф кон ослободувањето на татковината. Од тука да почне нашата победа.
Ви ветувам ќе работам три пати повеќе од што работат они за да ги победиме, а откако ќе победиме ќе работиме пет пати повеќе да ја подигнеме Македонија, рече Мицкоски.

Поврзани новости