Мицевски: Со закон целосно ќе се забрани употребата на пиротехнички средства во затворени простории

by Fokus

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски смета дека трагедијата во Кочани треба да биде поука, да не реагираме секогаш после вакви работи, туку да дека е време да се направи целосен ресет во државата.

Во гостувањето во централниот Дневник на МРТ, Мицевски истакна дека во изработка е нов Закон за експлозивни материи за цивилна употреба, но по случајот во Кочани мораше да се реагира за да се направат интервентни измени во законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Тој додаде дека планирани се одредени целосни промени на закони, меѓутоа не постигнато да се реализираат затоа интервентно се реагира во овој сегмент.

„Конкретно, во предложениот закон се утврдува дека не е дозволена употребата на пиротехничките средства определени со закон во објекти и простории од затворен тип. Меѓутоа, не се само овие измени кои што ние ги предвидуваме во ова законско решение. Ќе се промени законот за експлозивни материи за цивилна употреба, а со Законот против прекршоците за јавниот ред и мир се опфаќаат и други сегметни кои што ги тангираат граѓаните“, посочи Мицевски.

Во однос на Анкетните комисии Мицевски вели дека Социјалдемократскиот сојуз наметнува некои теми во јавноста но предлог до Собранието сеуште нема, додека пак иницијативата што Европскиот фронт ја поднел е против уставна и на неа наместо потписи од 20 пратеници колку што треба, потпишани се само 16 пратеници.

„Информациите кои што ги имам, она што го поднеле Европскиот фронт како барање во Собранието е надвор од уставните норми. Односно, за формирање на Анкетна комисија се потребни 20 потписи од пратеници, а тие во моментот имаат 16 потписи. И самиот наслов на таа Анкетна комисија, или онаа добивање на информација за состојбите е малку загрижувачка, имајќи во предвид дека Собранието нема, или комисијата сама по себе нема истражна функција. Она што треба собранието да го направи е да дојде до политичките заклучоци врз основа на она што се случувало за одредена состојба, случај или процес“, рече Мицевски.

 

Поврзани новости