Мицевски, победникот во Крива Паланка: Ќе бидам градоначалник на сите!

by fokus

Борјанчо Мицевски, новиот градоначалник на Крива Паланка, им вети на кривопаланчани дека ќе биде градоначалник на сите, без разлика на нивната верска, етничка или политичка определба.

„Почитувани сограѓани, драги пријатели, борци за слобода и демократија,
Дозволете ми длабоко од срцето и душата да Ви се заблагодарам за огромната поддршка со над 7000 гласа која ми ја дадовте. Вашата поддршка стимулира, дава енергија но и обврзаува на посветена, макотрпна, искрена и чесна работа за доброто на сите Вас, за доброто на Крива Паланка. Ве уверувам дека ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на верска, етничка или политичка определба.
Мирните, демократските и фер избори кои ги спроведовме вчера, се заслуга на сите вас. Покажавме и докажавме како се води една модерна, современа и европска кампања. Ги заокруживме промените за живот во Македонија, за Живот во Крива Паланка за сите. Радувајте се! Вие го заслуживте тоа! Нека ви е среќна и долговечна победата!“, изјави Мицевски.

Мицевски победи уште во првиот круг, со освоени 7.059 гласа, додека неговиот против кандидат од ВМРО, Арсенчо Алексовски освои 4.662 гласа.

Поврзани новости