Митрески: ЕУ одамна ги скрати парите за она што Груевски го ветува денес

by fokus

СДСМ тврди дека државата нема пари за колекторскиот систем во Радожда, што Никола Груевски најави дека ќе се гради преку ИПА фондовите од Европската унија.

Според информациите на социјалдемократите, ЕУ повлекла 8,5 милиони евра испланирани за колекторскиот систем уште во 2007-мата година, со образложение дека оваа власт нема капацитет да ги употреби средствата во предвидените рокови.

-Нема веќе пари од ИПА за Колекторски систем во Радожда и Враништа. Затоа што нема колекторски систем, фекалиите од селото и околината и понатаму ќе одат директно во Охридското Езеро и ќе ја загадуваат водата. Сето ова е поради несериозната и расипничка власт на Никола Груевски – обвини пратеникот Јован Митрески.

Од СДСМ посочуваат дека со одлуката на Брисел, дополнитено Македонија ќе изгуби и околу 100 милиони евра предвидени со ИПА 2 програмата.

Поврзани новости