Митрески: Дел од потпишаните пратеници се злоупотребени

by Фокус

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, тврди дека дел од потпишаните пратеници за гласање на недоверба на владата се злоупотребени, бидејќи, според него, тие не биле точно информирани со кои други партии од парламентот имаат т.н. заедничка цел.

„Како координатор, сум во постојана комуникација со сите пратеници од пратеничката група, но и со пратеници кои делуваат надвор од неа, а се во поддршка на прогресивните политики, на заедничките политики кои носат напредок. Сите, буквално сите даваат безрезервна поддршка и најостро ги демантираат конструкциите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави со единствена цел да изврши притисок и да создава нереална еуфорија во јавноста“, напиша Митрески на фејсбук.

Поврзани новости