Митинг-Бургер!

by Фокус 12:19
12:19

Постот заврши, кампањата со несмалено темпо продолжува. Се наближуваат завршните митинзи. Вообичаено „разбирливо“, на нив мора да има ептен многу луѓе. На власта тука никој не ѝ е рамен. Насекаде рашетуваат и носат недобројни полни автобуси со „верни“ гласачи, на кои им следува некое денарче и – сендвич. Задолжително ! Не дека немаат што да јадат, туку оти се гладни.

Едвај се успеа да обезбеди фотос на овој специјален сендвич од кујната на ВМРО-ДПМНЕ. Е, тука нема штедење – се работи за двојна победа! Ем Иванов пак за претседател, ем најмалку 62 пратеника.

- Advertisements -

Убаво име „куварот“ му дал на наменскиот сендвич: Митинг-Бургер!

Го препорачува со „портокалов сок“, а добро одел и со надалеку познатиот „Хорхито“ коктел.

Аирлија апетит!

Поврзани новости