Марија Митева – портпаролката на македонската Влада на прес-конференција рече дека се извршени контроли во објекти кои имаат лиценца за кабаре и дискотека во државата. Рече дека приложени се 22 лиценци на цела територија и 15 се со истечена важност.
Откриени се и објекти кои воопшто немале лиценци.
„Во Скопје 13 објекти, од кои само 2 се со лиценца со важност за кабаре и 8 со истечена, а три објекти немаат никаква лиценца. Во Куманово имаме три објекти со дејност кабаре, сите се со важечки лиценци“, рече Митева.
Порача дека „во Прилеп два објекти биле со истечени лиценци, во Гостивар еден со истечена лиценца. Во Охрид има и со важечки и со истечени лиценци. И во Тетово се откриени објекти без лиценци“.
Митева рече дека инспекторатот прави контроли дали сите објекти ги исполнуваат техничките услови, иако имаат лиценца.
За оние кои немаат лиценци или им се истечени, донесена е забрана за работа.