Мисовски: Откривме фантомски гласачи во третата изборна единица

by Фокус

Фантомски гласачи регистрирани на непостоечки адреси, или во куќи и станови во кои никој не живее, лица кои повеќе години се иселени во странство и се немаат вратено назад, се само дел од аномалиите на Избирачкиот список кои членови на НСДП ги откриле во тратата изборна единица.

– Недостатоците на Избирачкиот список, присуството на фантомските гласачи, не е нешто случајно туку, според него, сето тоа е смилено организирано и реализирано од страна на авторитарната власт водена од Груевски и фамилијата. За јавноста стана очигледно како ВМРО-ДПМНЕ ги добива изборите. Избирачкиот список е преправен во список на фантоми, умрени и иселени лица од Македонија -истакна Мисовски.

Според него, демографското умирање на источна Македонија, е вистината со која оваа власта не сака со години да се соочи.

– Наспроти тоа, ВМРО-ДПМНЕ ова иселување го искористува за манипулации со избирачкиот список, и затоа нејзините победи во овој регион изгледаа така убедливо. Но, на ова ќе се стави крај. Промените доаѓаат, и тоа не само во избирачкиот список, туку и во власта – порача Мисовски пред сопартијците.

Поврзани новости