Мисовски не сака да се натпреварува, сака само да биде претседател на НСДП, вели Петковски

by Fokus

На самиот старт со отворањето на постапката за избор на нови раководства, групата од десет членови на чело со Горан Мисовски и Соња Мираковска и сите останати функционери што се на листа на НСДП на сите државни функции, зазедоа став дека на партијата не и требаат повеќе кандидати, што е спротивно на програмата на партијата, изјави во интервјуто за  Утрински брифинг, Тито Петковски.

-Тука не станува збор за внатрепартиска демократија и натпревар со програми. Од самиот старт оваа група зазема став дека не треба да има повеќе кандидати и дека Горан Мисовски треба да биде единствен, вели Петковски.

Тој изрази жалење што младите сили на партијата нема да добијат шанса да ја претстават својата програма и ставови. Според него Мисовски дури и одбил дуел со противкандидатот Кристијан Трајковски, што сега веќе не е можно.

Поврзани новости