Мисија на САД во ОБСЕ: Иванов не смее да блокира влада со јасно мнозинство

by fokus

Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов е недемократска и спротивна на владеењето на правото, стои во пораката од мисијата на САД во ОБСЕ испратена до претседателот и лидерите на политичките партии. Во неа се повикува Иванов да ја преиспита својата одлука и да им даде можност на партиите кои обезбедија парламентарно мнозинство да формираат влада.

-САД е разочаран што претседателот Иванов одби да им понуди можност да се формира новата влада на претставниците кои имаат јасна парламентарно мнозинство. Ние сметаме дека оваа одлука не е во согласност со заложбите на ОБСЕ, основните демократски принципи и владеењето на правото, што се основни вредности на оваа организација.

Како стратешки партнер и пријател на Македонија, како и со целосно почитување на суверенитетот и единството, бараме од претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука. Ние, исто така ја повикуваме Владата, политичките лидери и партиите да се воздржат од напади врз организациите од граѓанското општество и да помогнат да се обезбедат услови и поддршка за независните гласови и институции да ја извршуваат својата работа. Во исто време, ги повикуваме соседите на Македонија да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овој момент на зголемена политичка чувствителност во земјата – стои во соопштението

Поврзани новости