Мисајловски: Владата најавува кратење на платите во администрацијата, а се вработуваат нови луѓе

by Фокус

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, вели дека додека владата најавува кратење на платите во администрацијата, истовремено склучува договори со многу институции.

-65 институции потпишуваат нови договори за да се вработат нови луѓе. Oд каде потребата за тоа? Зошто се трошат 15 милиони денари во општина Гази Баба и 11 милиони денари во општина Ѓорче Петров? Велиме дека мора да се скратат платите, а денеска имаме многу нови договори – рече Мисајловски.

Тој посочи на големите разлики во платите што ги земаат административците, истакнувајќи дека најавите од власта ќе ја намалат потрошувачката.

Поврзани новости