Мисајловски вели дека ВМРО-ДПМНЕ веќе победи во 21 општина, а ќе победи уште во 12

by Fokus

Победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ под реден број 7, споредено со листата на советници на коалицијата предводена од СДСМ е над 50.000 гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Освоивме најголем број гласови на советничките листи во вкупно 40 општини, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот триумфираше на локалните избори. Победата им припаѓа и на младите и на старите, и на христијаните и на муслиманите, и на Македонците, и на Албанците, и на Турците, и на Србите, и на Бошњаците, и на Ромите, и на Власите, и на сите останати. И на работниците, и на земјоделците, и на докторите, и на просветните работници. Залудни беа притисоците, поткупот, заплашувањата. Народот победи. Победи Македонија. Промените во Македонија се неминовни, затоа што Македонија ги победи поделбите, криминалот и безидејноста која ги создава власта на Зоран Заев. Тоа не го покажува само бројот на градоначалници кои се освоени во првиот круг и бројот на кандидати кои одат со водство во вториот круг, туку тоа го покажува и бројот на гласови освоени на советничките листи на ниво на државата. Победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ под реден број 7, споредено со листата на советници на коалицијата предводена од СДСМ е над 50.000 гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Освоивме најголем број гласови на советничките листи во вкупно 40 општини“, рече Мисајловски.

 

Поврзани новости