Мисајловски: Филипче сам да си поднесе оставка

by fokus

Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција рече дека министерот за здравство, Венко Филипче треба да си поднесе оставка поради морална одговорност.

-Во овој период најважно е здравствените власти да се посветат целосно на решавање на ова што ни се случува, јас би го нарекол овој хаос што ни се случува, вие знаете дека во минатото токму овој господин Филипче велеше дека отприлика ќе има 2000 заразени во текот на целата пандемија, што сега ги гледаме дека се многу повеќе на неделно ниво. Јас ќе апелирам до него да не биде политичарот Венко, туку да биде оној што треба да биде а тоа е министер за здравство, да помогне на сите граѓани, а интерпелација и негова оставка тоа треба сам да си го поднесе, тоа тој морално треба да го направи, но гледам дека повеќе сака да биде политичар повеќе сака да ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, а зад кулисите пак бара помош од ВМРО-ДПМНЕ, ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе помогнеме на било кој политичар ако навистина мисли за здравјето на граѓаните, истакна Мисајловски.

Поврзани новости