Мирно се одвива гласањето во Тиквешијата

by Fokus

Од почетокот на гласањето во Неготино своето право на глас го искористиле 1.454 граѓани, односно излезеноста е 9,15 проценти.

Се гласа на 28 гласачки места, а вкупниот број на избирачи е 15.888. Граѓаните гласаат мирно, според здравствените протоколи за заштита од Ковид-19. Во Демир Капија излезеноста е 10,25 проценти, односно гласале 335 граѓани од вкупно 3.269 избирачи.

Во Кавадарци според последните податоци гласале 2.829 лица од 32.270 избирачи, односно 8,77 проценти. Во Росоман гласале 204 лица од 3.353 избирачи, односно 6,08 проценти.

Вики Клинчарова

Поврзани новости