Миркуловски по пласманот на СП: Да се гине не може никој да ти забрани!

by Fokus

Ракометниот репрезентативец Филип Миркуловски вечерва го одигра својот последен меч во репрезентативниот дрес во победата над Чешка со 27-25.

Тој после мечот, тој не го криеше задоволството што нашата ракометна селекција повторно успеа да го израдува македонскиот народ.

„Да се гине, не може никој да ти забрани. Успеавме во намерата и тоа беше најважно. Овие генерации ќе растат на Светски и Европски првенства, и ќе собираат поголемо искуство. Верувам дека и во иднина ќе ја радуваме оваа публика“, истакна Миркуловски.

Фото 24 ракомет

Поврзани новости