МИОА: ЗНМ немаше забелешки за законот!

by Фокус 19:22
19:22

Во однос на делот на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во кој се предлага двете мнозински здруженија да имаат по еден претставник во Програмскиот совет на МРТ, на заеднички состанок беа консултирани највисоките одговорни лица на мнозинските новинарски здруженија, Здружението на новинарите на Македонија и Македонската асоцијација на новинари, при што не беа дадени забелешки за предлогот од нивна страна, коментира Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) на денешната пресконнференција на ЗНМ.

„Оттука, прашуваме како е можно претставници на Здружението на новинарите на Македонија на редовните состаноци во министерството да изнесуваат едни ставови по однос на овие прашања, без притоа да имаат забелешки на заклучоците, а потоа на прес-конференции да даваат сосема спротивни изјави од она што е договорено на официјалните средби. Ваквите ситуации се повторуваат во континуитет, па се поставува прашањето колку извршниот директор на ЗНМ што учествува на состаноците има авторитет и овластување да го застапува здружението.
Во поглед на констатирањето на бројноста на новинарските здруженија, согласно член 14 став 11 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Министерството ги утврдува двете здруженија на новинари со најголем број на членови, притоа водејќи сметка за бројот на членови на новинарските здуженија врз основа на евидентирани потпишани пристапници потврдени со уплата на членарина за секој член на односното здружение“, се вели во соопштението објавено на сајтот на МИОА.

- Advertisements -

Поврзани новости