Миновски: Мицкоски како директор на ЕЛЕМ склучувал договори во четири очи

by fokus 15:26
15:26

Поранешниот директор на АД Елем, Христијан Мицкоски, сегашен лидер на ВМРО- ДПМНЕ, во четири очи склучил два договора со непосредна спогодба со компаниите Пелистер и Марковски, двата во вредност од 10,5 милиони евра, обвини сегашниот директор на Елем, Драган Миновски на денешната прес конференција.

Соиред него, овие два договора, но и многу други кои биле склучени додека Мицковски бил директор ЕЛЕМ, се предмет на внатрешна и надворешна ревизија во компанијата.

- Advertisements -

Резултатите од ревизијата, Миновски најави дека ќе бидат готови за кратко време по што ќе ги изнесе во јавноста.

Поврзани новости