Минов свика седница, во понеделник ќе му се „суди“ на Џафери за пцуењето

by fokus

Претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Панчо Минов закажа седница во понеделник со единствена точка на дневен ред: Пријава за повреда на Етичкиот кодекс од страна на пратеникот Талат Џафери, поднесена од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Седницата на Комисијата која е одговорна за почитување на Етичкиот кодекс на Собранието ќе започне во 12 часот.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заедно со пријавата доставиле и докази, односно видео-записот од Собранискиот канал на кој се слуша спикерот Талат Џафери како пцуе и вика по службениците вработени во Собранието.

Пријавата која ја поднесоа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската партија најавува дека најмалку четири пратениците кои биле присутни на настанот ќе сведочат на седницата во понеделник.

Со последните измени на Етичкиот кодекс, пратеник кој направил тешка повреда на Кодексот, за каква се товари Џафери, може да биде казнет освен со јавна опомена, и со суспензија од членство во работно тело во рок од еден месец или пак забрана да претседава со работно тело во времетраење од еден месец.

Минатата недела претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека тој пцуел по неработењето и по односот кој вработените го имале кон работата, а не ги пцуел нив.

К.С.Б.

Поврзани новости