Миноски: Го истражуваме пазарот за нова еврообврзница

by fokus 19:09
19:09

Министерот за финансии, Кирил Миноски  најави ребаланс на буџетот и издавање еврообврзница, мерки за кои вели дека ќе бидат одговор на ефектите од политичката криза.

Миноски информира дека Владата му дала мандат на Министерството за финансии да го истражи пазарот за издавање еврообврзница.

-Во следниот период тим од Министерството за финансии ќе го истражи пазарот и доколку се создадат поволни услови, би се издала еврообврзница.Во таа насока, внимателно ги следиме случувањата на светските пазари на хартии од вредност, во контекст на референдумското одлучување на граѓаните на Велика Британија за излез од Европската Унија. Исходот од референдумот ќе има директно влијание врз движењата на меѓународниот пазар на капитал – вели Миноски.

За ребалансот на буџетот пак, новиот министер вели дека тое ќе биде реакција на забавувањето на растот преку поддршка на приватната потрошувачка и на јавните инвестиции.

Поврзани новости