Министрите во заминување изнесувале компјутери и мебел од Илинденска

by Фокус

Кабинети без комјутери, мебел и друг инвертар неопходен за извршување на тековните обврски, затекнале министрите на новата влада на чело со премиерот Зоран Заев, кои пред неколку дена се вселија во владината зграда на Илинденска.

-Освен кабинетот на премиерот, на кој ништо не му недостига, туку напротив, дури плени со лукзус, на сите други им фали опрема. Во скоро сите кабинети недостигаат компјутери и друга техничка опрема, а негде нема ниту мебел, кои исчезнале со заминувањето на претходниот владин кабинет – велат за Фокус извори од новата влада.

Колку за потсетување, техничките министри и дополнителни заменици-министри од СДСМ во пржинската влада за спроведување на изборите, исто така, почнаа со работа во полупразни кабинети во неколку министерства, меѓу кои за труд и социјала, за земјоделство…

В.С.

Поврзани новости