Министерството за здравство во МВР пријавило упад на доменот vaksajns.mk, кој предизвика забуна кај граѓаните

by fokus 13:42
13:42

Министерството за здравство во Секторот за компјутерски криминал во МВР го пријавило доменот vaksajns.mk, кој вчера создаде забуна кај граѓаните за тоа каде треба да се пријават за вакцинација против ковид-19, бидејќи со најава на www.vaksajns.mk, автоматски се отвора страницата www.vakcinacija.mk.

Од МЗ велат дека се работи за упад во официјалната страница на Министерството и поради тоа пријавиле во МВР.

- Advertisements -

-Единствената веб-страница на која граѓаните преку пополнување на апликација искажуваат интерес за вакцинација против ковид-19 е www.vakcinacija.mk. Страницата која ја посочувате утринава е пријавена во Министерството за внатрешни работи и не е веб-страница зад која стои Министерството за здравство ниту, пак, националниот систем ‘Мој термин’, велат од Министерството за здравство за порталот Фактор.

Досега 23.924 граѓани се пријавиле преку онлајн аликацијата за вакцинирање против ковид-19.

Поврзани новости