Министерството за здравство формира Комисија за стручен надзор за смртта на девојчето од Гостивар

by Fokus 15:59
15:59

Министерството за здравство формирало Комисија за стручен надзор за 15-годишното девојче од Гостивар, кое вчера почина во возило на Брза Помош на пат накај Скопје.

-Во врска со случајот со 15-годишното девојче од Гостивар се преземаат сите законски мерки, кои се во надлежност на Министерството, со цел комплетно испитување на случајот. За таа цел, веднаш е формирана комисија за стручен надзор, согласно Законот за здравствена заштита, со претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и доктори од соодветните специјалности – се навеува во соопштението од Министерството за здравство.

- Advertisements -

Од таму додаваат дека Комисијата од стручен аспект го анализира целокупниот третман на пациентката, почнувајќи од приемот во Општа болница Гостивар и транспортот со возилото на Итна медицинска помош, за да се утврди дали во целост е постапено согласно медицината базирана на докази при третманот на пациентката.

По извршениот стручен надзор, извештајот од Комисијата се доставува до сите надлежни институции.

 

 

Поврзани новости