Министерството за економија да ги поништи тендерите за медиумска кампања, бараат ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ

by fokus 16:06
16:06

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) бараат до Министерството за економија да ги поништи тендерите за медиумска кампања.

Од ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ потсетуваат дека Министерството за економија објави огласи за јавни набавки со кои бара фирма за изработка на медиумска и комуникациска стратегија и за посредување на закуп на медиумскиот простор. Според описот на јавната набавка целта е да се склучи договор со приватна фирма за сума од околу 200.000 евра која потоа ќе ги изработи овие стратегии и ќе плати на онлаjн медиуми пари за кампања за промоција.

- Advertisements -

-Партнерските организации ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ потсетуваат дека праксата за закуп на медиумски простор е забранета и во спротивност со Заклучокот на Владата од 24-та седница од 22.08.2017, a во согласно со мерката 6.1.2. од Планот 3-6-9, која се однесува на стопирање со владините реклами. Со овој заклучок се обврзуваат државните органи да престанат да емитуваат/рекламираат кампањи/спотови на платен простор во електронски комерцијални радиодифузери – телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали и сл. (со исклучок на социјалните медиуми), се вели во денешното соопштение од ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ.

Поврзани новости