Министерството на Сугарески ќе потроши 24.000 евра за алкохол, тврди ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Министерството за транспорт и врски ќе потроши над 24 илјади евра за набавка на алкохол во време кога владата нема пари за пензионерите и им го скрати покачувањето, се намалуваат платите, нема пари за загубарите како Колска, Железници, и редица други фирми, изјави денеска Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

– По стапките на другите министри од владата на СДСМ и господинот Сугарески пред неколку дена реши да се почести себеси со парите на граѓаните. На електронскиот систем за јавни набавки стои оглас за набавка на алкохолни, безалкохолни пијалоци и апетисани, според кој договорен орган е Министерството за транспорт и врски со кое што раководи Горан Сугарески. Проценетата вредност е над 24.000 евра. Владата на СДСМ нема срам, господинот Сугарески решил да набавува алкохол вреден десетици илјади евра. Сугарески откако е министер за транспорт и врски единствено што направи е блокирање на се она што беше изградено и реализирано како инфраструктурни и капитални проекти од страна на ВМРО-ДПМНЕ – рече Пешевска.

Таа додаде дека наместо парите на граѓаните да одат на проекти, тие одат на купување на алкохол за потребите на владата и министерството за транспорт и врски, што е пример за расипништво и побара веднаш да се поништи оваа набавка и тие пари да се насочат кон реализација на проекти за граѓаните.

Поврзани новости