Министерство за здравство ќе го анализира случајот со 15-годишното момче кое почина при операција на колено

by fokus

Министерство за здравство соопшти дека ќе направи целосна анализа за трагичниот настан во кој почина 15-годишно момче за време на операција на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Од Министерството велат дека во Клиниката е формирана Комисија која ќе го анализира случајот и по добивање на официјалните резултати од обдукцијата ќе се соопштат транспарентно на целата јавност. Во наредните денови се очекуваат и официјалните резултати од Институтот за судска медицина.

Од таму соопштуваат дека целиот кадар на Клиниката за ортопедија бил максимално ангажиран во напорите да се спаси момчето.

Првичните информации говорат дека момчето имало реакција на анестезијата поради малигна хипертермија, која се случува во многу ретки случаи кај пациенти кои имаат генетска предиспозиција.

Поврзани новости