Министерство за одбрана: Работиме на подигнување на стандардот на војниците

by fokus

Откако Синдикатот на одбраната и безбедноста и Независниот синдикат на професионалните војници најавија дека ќе започнат штрајк поради мизерните услови, од Министерството за одбрана реагираат дека се посветени на зголемувањето на стандардот на припадниците на Армијата на Република Македонија и дека се во постојан контакт и со релевантните институции, како и со двата синдиката на припадниците на АРМ.

-Сите барања до МО поврзани со надоместоците за припадниците на АРМ се процесирани заклучно со април и првата половина на мај. Министерот во неколку наврати информираше дека поради евентуални технички пропусти во единиците, можно е на мал број припадници на АРМ чии имиња не биле навремено доставени до Министерството, да доцни исплатата на пропишаниот надоместок, но тој ќе им биде исплатен, се наведува во реакцијата.
Што се однесува до превозот, Од Министерството велат дека веќе ја информирале јавноста дека тендерската процедура започнала навремено уште во јануари и веќе се потпишани договори за превоз на 23 линии, меѓутоа за одреден број линии, поради високата цена понудена од фирмите, на барање на Генералштабот на АРМ, тендерската процедура е поништена и започната е нова процедура за набавка која очекуваат да заврши до крај на септември.

Поврзани новости