Министерство за одбрана: Двете лица за кои сега обвинува Ковачки добиле сертификати токму во време на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Денес ВМРО-ДПМНЕ и Ковачки си паднаа во дупката која сами за друг ја копаа. Сакам да ве информирам дека двете лица кои тие ги спомнуваат на денешната прес конференција, добиле сертификати токму во времето на претходната влада раководена од партијата која ја организира прес конференцијата. Добиле сертификати, од нив, во нивно време. А токму во едниот од овие сертификати, во досието фигурира потписот на Ковачки кој потврдува дека нема никаков проблем на тоа лице да му се издаде национален и НАТО безбедносен сертификат.

Ова на прес-конференција го обелодени полковникот Горан Василевски.

Василевски изрази осуда на начинот на кој Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ ја политизираат темата за безбедносните сертификати.

-Наспроти нивните обвинувања дека станува збор за непрофесионализам и партиско влијание, одговорно тврдам дека постапката за ветинг се врши од тим обучен од страна на НАТО врз чија работа не се врши апсолутно никакво влијание, рече тој.

Полковникот Драган Ковачки претходно на прес-конференција обвини дека последните два примера се чист доказ, дека институциите под власт на СДСМ издаваат НАТО сертификати само на лица подобни за власта, без разлика на тоа дали лицето реално ги исполнува условите или не.

Викендов, претседателот Стево Пендаровски потврди дека воениот претставник на Македонија во НАТО и уште едно лице не ги поминале проверките на Алијансата.

Поврзани новости