Министерство за финансии: СДСМ шири дезинформации за еврообврзницата

by fokus

Од министерството за финансии се огласија на реакциите на СДСМ за еврообврзница та од 650 милиони евра, за која опозицијата обвинува дека е противзаконска и дека ќе одговараат сите раководни лица во државните институции инволвирани во нејзиното издавање.

Од министерството пак, обвинуваат дека СДСМ шири дезинформации и убедуваат дека нема ништо спорно во издавањето на новата еврообврзница.

-Во одлуката на Владата е јасно прецизирано дека еврообврзницата е наменета за финансирање на две фискални години – што значи дека не е точно обвинувањето на СДСМ дека е надмината сумата за обезбедување средства од странски извори предвидена со буџетот за 2016 година.

Еврообврзницата се издава согласно Законот за јавен долг  член 18 став 5 кој гласи државните хартии од вредност во име на Република Македонија на меѓународниот пазар на капитал ги издава Министерствотто за финансии врз основа на одлука на Владата на Република Македонија со која се утврдува максималниот износ на ново задолжување преку државни хартии од вредност. Владата на седница одржана на 21.6.2016 година донесе одлука за издавање на еврообврзница и истата е објавена во Службен весник на РМ. –  се вели во соопштението на Министерството за финансии.

Инаку, и покрај предупредувањата од експертите и критиките во јавноста, македонската влада веќе ја понуди на пазарот еврообврзницата со рок на отплата од седум години и камата од 5 проценти.

Поврзани новости