Министерство за финансии: Нема нови долгови со издавањето на државните хартии од вредност

by fokus

Министерството за финансии соопшти дека нема направено нови долгови по основ на државни хартии, по реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Министерството велат дека државните хартии од вредност издадени со последните две аукции се стриктно за покривање на стари долгови.

-На 07.06 по основ на стари долгови од издадени државни хартии од вредност доспеваа за враќање 499.990.000 денари. На 06.06 беше одржана аукција на државни хартии од вредност на која беа издадени хартии од вредност во ист износ колку што беше потребен за да се покријат старите долгови. Добро е да се спомене дека побарувачката на таа аукција беше четири пати поголема од запишаниот износ, или 2,1 милијарди денари, соопшти Министерството.

Поврзани новости