Министерство за финансии: ДДВ-то нема да се менува, за персоналниот данок ќе дебатираме

by fokus

Од Министерството за финансии посочуваа дека стапката на данокот на додадена вредност нема да се менува. По пишувањата во дел од медиумите од таму прецизираат дека такво нешто не е предвидено ниту во Програмата на Владата.

Но министерот, Драги Тевдовски и неговите советници размислуваат за прогресивно оданочување на персоналниот данок. Оваа мерка беше предвидена во програмата на СДСМ и се очекува да се воведе од следната година. Целта е, велат од Министерството, да се намали јазот меѓу богатите и сиромашните.

„До крајот на годината ќе се отвори јавна дебата за евентуално воведување на прогресивна стапка на персоналниот данок на доход. Сите промени ќе се носат транспарентно и со вклученост на јавноста“, велат од таму.

 

Поврзани новости