Министерот за внатрешни работи на Италија кон Гатузо: Тврдоглав си ко мазга!

by fokus

Министерот за внатрешни работи на Италија и заменик премиер, Матео Салвини испрати низа критики кон тренерот на Милан, Џенаро Гатузо кој постојано е под притисок поради променливите резултати.

„Гатузо е тврдоглав како мазга. Кога ќе се постигне гол, нормално е да се спушти ритамот. Зошто Гатузо чекаше со измените? Може ли некој да ми ја објасни неговата тврдоглавост“, порача Салвини.

Милан на мечот со Лацио ја испушти победата во последните минути, откако прими гол во судиското продолжение, а чудно беше тоа што Гатузо не направи ниту една измена во текот на мечот.

Поврзани новости