Министерот Саљији ветува дека повеќе нема да го паркира возилото на тротоар

by fokus

Министерот за правда, Билен Саљији, ветува дека нема повеќе да биде паркирано неговото службеното возило на тротоарот пред Министерството, што беше честа пракса до сега. За Телевиизја 24, Саљији вели дека денешниот пропуст е од причина што имал итна работа во Министерството.

-Нема да се повтори погрешно да паркираме. Возилото е веќе тргнато од тротоарот, а беше таму поради итноста на обврските што ги имав во текот на денот, поради кои неколкупати го напуштав министерството – вели за Телевизија 24 министерот за правда.

Поврзани новости