Министерот призна дека барањата на судската администрација се оправдани

by fokus

По два месеци протести и штрајк, министерот за правда, Валдет Џафери, денеска ги прими на средба Членови на синдикатот од УПОЗ и на Здружението на судска администрација.

На средбата, министерот признал дека барањата за изедначување во додатоците на плата со нивните колеги од обвинителствата се оправдани, но не кажал кога ќе им ги исполни.

Од УПОЗ велат дека министерот им ветил дека барањата ќе ги пренесе до Владата, а до нивно исполнување, судските работници ќе одат на работа, но нема да ги исполнуваат своите работни обврски.

Поврзани новости