Министерот Николовски даде отчет: Исплативме 60 милиони евра субвенции за три месеци

by fokus

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, денеска даде отчет за сработеното во првите сто дена. Тој рече дека во изминатите 100 дена Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја одблокира исплатата на субвенциите, за три месеци исплати 60 милиони евра за субвенции, распиша два огласа за доделување државно земјоделско земјиште под закуп за површини до 3 хектари и над 3 хектари, го продолжи рокот за аплицирање за субвенции за Програмата за финансиска поддршка за 2017 година и рокот за аплицирање за ИПАРД 2 Програмата.

-Ги скративме непродуктивните трошоци, како што се тековните расходи и договорните услуги. Уште во првите три месеци плативме дел од заостанатите долгови за членарини во меѓународните институции, кои нудат огромна техничка и финансиска помош за развојот на македонското земјоделство. Со плаќање на заостанатите долгови за консултантски услуги за Проектот Јужно вардарска долина втора фаза, ја откочивме реализацијата на овој проект, кој е од витално значење за наводнувањето и со кој што ќе бидат опфатени 4.000 хектари за наводнување, рече Николовски.

Министерот додаде дека почнат е процесот на инвентаризација, односно попис на шумскиот фонд.

Поврзани новости