Министерот Едмонд Адеми на комеморативна церемонија за претседателот Жак Ширак

by Fokus

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, придружуван од aмбасадорката на Република Северна Македонија во Франција, Јадранка Чаушеска Димов, како претставници на Владата на Република Северна Македонија, утре во Париз ќе присуствуваат на комеморативната церемонија по повод смртта на поранешниот претседател на Франција, Жак Ширак, соопшти владината прес-служба.

Претседателот Жак Ширак, се вели во соопштението, беше голем пријател на нашата земја и поддржувач на нашата европска и евроатлантска иднина. Неговата заложба за интегриран Балкан беше важна политичка поддршка во тоа време. Како Претседател на Франција во 2005 година, ја афирмираше поддршката за доделување на кандидатски статус на нашата земја.

Поврзани новости