Министерот Агим Нухиу побарал Владата да го разреши Чавков од Бирото за јавна безбедност

by fokus

Министерстот за внатрешни работи Агим Нухиу поднел предлог до Владата за разрешување на Митко Чавков и од функцијата директор на Бирото за јавна безбедност.

На местото на Чавков во Оперативниот штаб, како координатор е назначен со наредба Горанчо Савевски, државен советник во Бирото за јавна безбедност.

Министерот Нухиу на прес конференција денеска информира дека формирал работна група составена од професионалци во МВР која има задача да утврди дали оперативниот штаб и организационите единици во МВР постапиле согласно утврдените процедури. Потоа, да ги утврди направените пропусти и пречекорување на овластување и неизвршување на задачите и обврските.

Министерот ги повика сите вработени во МВР да се вклучат во акцијата и да достават оперативни сознанија и материјали за настаните во четвртокот.

– Нема враќање назад, работите мора да се расчистат до крај и секој ќе одговара за своите постапки. Дел од структурите на МВР предизвикаа голема штета на имиџот на аашата држава. Тоа што се случи во четвртокот е големо зло. За да ја поправиме оваа штета ќе треба да соработуваат повеќе институции. На МВР му се потребни професионалци за да биде столб на безбедноста на оваа држава – рече Нухиу и се заблагодари на медиумите.

Поврзани новости